дома КОВИД-19 (Коронавирус) Дpaма: Ја лaжeл жена си дека има кopoнавирус, па избeгaл со швалepката...

Дpaма: Ја лaжeл жена си дека има кopoнавирус, па избeгaл со швалepката на две недели

Индиец се најде на мета на медиумите откако го излажал своето семејство за инфекција со коронавирус, што ја искористил како изговор за да избега со својата љубовница.

На 24 мај, Маниш Мишра од Нави Мумбаи и се јавил на сопругата велејќи дека е позитивен на Ковид-19 и дека не сака да живее. Потоа го исклучил телефонот, што предизвикало паника кај неговото семејство. Неговата сопруга го повикала својот брат на помош, а тој ја советувал да го пријави во полиција како исчезнато лице, пренесува Метропос.

Истрагата што следела покажала дека тој всушност ја искористил болеста како изговор да го напушти семејството и да побегне со својата љубовница.