Дpaмa вo БиХ: Cпeциjaлни пoлициcки cили yпaднaa вo Цeнтpaлнaтa избopнa кoмиcиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инспектори на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) упаднале во просториите на Централната изборна комисија на БиХ со цел да ја запленат документацијата поврзана со одбиените или неважечките ливчиња!

Лука Миладиновиќ, портпарол на СИПА, соопшти дека полицијата постапувала по барање на Обвинителството на БиХ.

„Станува збор за одземање на одредена документација“ – изјави Миладиновиќ.

Како што објави „Новости“, станува збор за случај формиран од Обвинителството на БиХ со цел да се проверат наводите од кривичните пријави што ги доставиле Сања Вулиќ, пратеничка на СНСД во ПБиХ и група граѓани од Теслиќ, во врска со гласовите од странство.

„Обвинителството на БиХ ги проверува одбиените ливчиња што пристигнале по пошта, односно од странство. Гласачките ливчиња беа прогласени за неважечки затоа што не се согласуваа со потписите на личните карти и ливчињата“ – вели извор близок до истрагата.

Тој објаснува дека станува збор за 17 наводни гласови, поради кои еден кандидат во Теслиќ остана без мандат.

Вулиќ до Обвинителството на БиХ поднесе извештај против претседателот на ЦИК, Жејко Бакалар и пет члена на ЦИК, во кој се наведува дека не го почитуваат законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This