дома Хроника Дypи 13 лицa ce пoвpeдeни вo гpoмoт кoj штo yдpи нa плaжaтa...

Дypи 13 лицa ce пoвpeдeни вo гpoмoт кoj штo yдpи нa плaжaтa „Оpeвчe“: Дeл oд лицaтa ce зaдpжaни вo охpидcкaтa бoлницa

На познатата охридска плажа „Оревче„, денеска за време на краткотрајното невреме во тој регион, околу 15 часот удрил гром, при што се повредени дури 13 луѓе.

Информацијата за Фактор ја потврдија и управителите на „Оревче“, но подетално ќе информираат подоцна. Според СВР Охрид, пак, како што пишува Охрид њуз, дел од повредените со возила на брзата помош биле пренесени во охридската болница.

Некои од повредените се здобиле со изгореници по рацете и нозете, додека останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.

Извор: faktor.mk