ЕБOP: Зaпoчнyвa изгpaдбaтa нa интepкoнeктopoт co eлeктpичнa eнepгиja пoмeѓy Албанија и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна изградбата на новата станица за електрична енергија во Охрид, која е клучна компонента од првиот далновод интерконектор на електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, кој ќе се протега од Битола, Македонија до границата со Албанија.

Проектот е финансиран од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), а претставува дел од ЕУ иницијативата за воспоставување на коридор на пренос на електрична енергија Исток-Запад, помеѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.

Започнувањето на градежните работи започнува денес, во Охрид, во присаство на Премиерот на Македонија, Зоран Заев и Заменик Министерот за енергија и инфраструктура на Албанија, Илиј Бејта, како и претставници на ЕБОР, Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Македонија и ЕУ, Заменик Претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Македонија изјави: ,,Поддршката на круцијална регионална меѓу-гранична инфраструктура е клуч во креирање на поголеми интегрирани пазари на енергија и зголемување на енергетската безбедност во регионот. Изградбата на оваа нова линија, ќе помогне во зголемување на капацитетот на обновлива енергија во Македонија, со што ќе се овозможи земјата да постигне побрза декарбонизација на сопствениот сектор на електрична енергија. Исто така ќе го подобри балансот на системите на електрична енергија, благодарение на поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија, каде преовладува термална енергија, со албанскиот пазар на електрична енергија, каде преовладува хидро енергијата.”

Џулијан Васало, Заменик Претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје изјави: ,,Овој проект е поддржан од ЕУ со ЕУР 12 милиони, и им овозможува на двете земји да креираат одржлив регионален пазар на електрична енергија, придвижување кон целите на декарбонизација пропишани во Зелената Агенда и замена на застарената инфраструктура, со која доаѓа до технички загуби. Крајните резултати ќе донесат снабдување со постабилна и поефтина енергија за домаќинствата и компаниите во регионот.”

Со овој проект се завршува прстенот на електрична енергија од 400kV помеѓу Албанија, Македонија и Грција, со кој се зајакнува меѓу-граничната размена на електрична енергија, и кој придонесува за развој на регионалните пазари. Делот помеѓу Бугарија и Македонија, е финансиран од ЕБОР, и е веќе завршен. Новата 400kV линија помеѓу Албанија и Црна Гора, како и подводниот кабел помеѓу Италија и Црна Гора е завршен и оперативен.

Новата преносна линија ќе обезбеди подобрено и подостапно снабдување со енергија за домаќинствата и бизнисите во Македонија, преку нормализирање на волтажните нивоа, стабилизирање на протокот на оптоворавување и флуктуациската зачестеност, како и намалување на техничките загуби во општиот систем на трансмисија.

ЕБОР обезбеди ЕУР 37 милиони за Македонскиот преносен систем оператор АД (МЕПСО), за поддршка на изградбата на далноводот интерконектор, како и за воведување на паметни мрежни компоненти, кои го подобруваат предвидувањето на енергијата и го олеснуваат интегрирањето на обновливите извори на енергија во системот на електрична енергија.

ЕУ ја ко-финансираше инвестицијата со ЕУР12 милиони грант од Инвестициската Програма за Западен Балкан, а Луксембург има доделено средства за техничка помош на МЕПСО.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над €2,1 милијарди преку 147 проекти во земјата. Поддршка на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи тоа е еден од најголемите предизвици во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This