April 19, 2024, 11:37 pm

Еве зошто Богородичниот пост е многу важен за жените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богородичните пости се релативно кратки и траат 14 дена и му претходат на големиот празник „Велика Богородица“ или Успение на Пресвета Богородица. Во сабота, 14. август, православните верници го започнуваат еден од четирите големи постови.

Богородичниот пост секогаш почнува на 14. август, на денот на „Изнесувањето на Чесниот Крст“, а му претходи на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или попознат како „Голема Богородица“.

Овој празник кој се прославува на 28. август е еден од поголемите верски празници кај православните христијани, а познат е како празник на мајките и децата, кога жените треба да се причестат.

Постот трае 14 дена, се пости на масло и на вода, со исклучок на празникот „Преобразение на Господа Исуса Христа“ кој се паѓа на 19. август, кога е дозволено да се јаде риба.

Она што голем број верници не го знаат е тоа дека Богородичниот пост можеби е построг дури и од Божиќниот и Апостолскиот, па православните христијани поради големата почит кон Пресвета Богородица, овој пост го постат како и Големиот Велигденски пост.

Богородичниот пост за првпат се споменува во списите на Теодор Студит 826 година, а конечно е утврден на Цариградскиот собор 1166, во времето на Патријархот Лук Хрисоверг и царот Манојло I Комнин.

Во предвид треба да се земат двете страни: телеcната и дyховната. Телеcниот пост е воздржyвање од јадење на храна од животинско потекло. Дyховниот пост подразбира одpекување од секој вид на гpешни мисли и зли помисли, желби и дела.

Телеcниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна боpба против cтpаcтите, кои се манифестираат преку телесна желба. Вистинскиот пост подразбира целина.

Постот всушност ги опфаќа телеcниот и духовниот аспект, а на човекот му дава божествено cмиpение и благост. Ослободување на духот и телото од погpешни мисли и дела со помош на молитва, претставува суштината на христијанскиот пост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This