дома Македонија ЕВЕ ЗОШТО ТОЈ НЕ ГPEШИ: Затаракоски со статус на денот за безгpeшниот...

ЕВЕ ЗОШТО ТОЈ НЕ ГPEШИ: Затаракоски со статус на денот за безгpeшниот „Брат Љубе“

Иљче Затаракоски ја има објавата на денот на Фејсбук, во која главен „јунак“ е Љубе Бошкоски, посебен советник на премиерот Зоран Заев за странски инвестиции.

„Кој работи – тој греши. Затоа брат Љубе нема ниедна грешка во 3 години советување“, вели Затаракоски за лидерот на Обединети за Македонија.

Некогашниот министер за внатрешни работи го советува премиерот за 50.000 денари месечно и за 15 месеци до септември годинава не донел ниту една инвестиција, а во наведениот период остварил над сто состаноци со можни вложувачи од странство.