дома Занимливости Еве како да се „избришете“ од интернет

Еве како да се „избришете“ од интернет

Интернет е место кое е преполно со интересни и корисни информации, но често не оптоварува, посебно ако многу време минуваме на социјалните мрежи.

Затоа Швеѓаните Виле Далбо и Линус Унбак ја смислиле апликацијата Deseat.me која овозможува комплетно да се „избриште“ од глобалната мрежа.

Потребно е на нивниот портал да се логирате користејќи ги сите податоци од својот гугл акаунт, па потоа порталот ќе ги скенира апликациитте и сервисите на кои со тие податоци сте се логирале. Потоа ќе ви исфрли список на сите ваши налози, а покрај секој од нив се наоѓа опција за трајно бришење.