Еве како ќе изгледаат свадбите: 3aбpaнето играње оро и свирење на уво, ќе се мери и темпepaтура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема гушкање и ракување и без оро. Вака од денеска ќе изгледаат свадбите на летните тераси. Протоколите се дефинирани во 25 точки. Гостите не повеќе од 100 ќе бидат евидентирани со име и презиме, а прославата од страна на одговорното лице во објектот претходно треба да биде пријавена во Угостителската Комора. При влез на сите ќе им се мери температура. Ако одат во тоалет во внатрешниот дел мора да носат маски. Музичарите треба да бидат одалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и да пеат помеѓу гостите.

– Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца, изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Од Владата информираат дека за непочитување на протоколите за свадби согласно Законот за заштита на населението од заразни болести предвидени се казни од 2.500 до 30.000 евра за угостителскиот објект во зависност од неговата големина како и забрана за вршење дејност од 10 до 30 дена. Казна од 1.500 евра треба да плати и одговорното лице во објектот. Дали на свадбите се почитуваат протоколите ќе контролира Пазарната инспекција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This