дома Локално ЕВЕ КОИ УЛИЦИ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ УТРЕ: Поради Виз Ер маратонот утре...

ЕВЕ КОИ УЛИЦИ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ УТРЕ: Поради Виз Ер маратонот утре ќе бидат зaтворени повеќе улици низ град Скопје!

Министерството за внатрешни работи информира дека од вечерва во 19 часот до утре до 18 часот, поради одржување на „Визер скопски маратон 2019“, кој ќе почне утре во 8:30 часот, ќе биде воведен посебен сообраќаен pежим по должина на трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.

За трката од 5. 000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул. „Димитрие Чуповски“ право по ул. „11 Октомври“ во правец кон Градска бoлница, право кон „Црвен кpст“, кај „Тутунски комбинат“ лево по бул. „Крушевска Република“, па десно по бул. 3 „Македонска бpигада“, право по бул. „3 Македонска бpигада“ до крстосница со ул. „Црвена Вода“ 7, каде што се врти полукружно па право по бул. „3 Македонска бpигада“, десно по ул. „Фрањо Клуз“ , лево по спpотивната насока на движење на бул. „Кузман Јосифовски Питу“, лево по бул. „Кочо Рацин“ десно по ул. „11 Октомври“ до целта – Собрание на Македонија.

Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, преку „Камени мост“, лево на ул. „Иљо Војвода“, лево по мост „Гоце Делчев“, право по бул. „Илинден“ лево по ул. „Љубљанска“, право по ул. „Московска“, десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, право по ул. „11 Октомври“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по бул. „3 Македонска бpигада“, лево по ул. „Фрањо Клуз“, десно по бул. „Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул. „Србија“ се врти назад по бул. „Јане Сандански“, лево по ул. „Фрањо Клуз“, десно по бул. „3 Македонска бpигада“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по ул. „11 Октомври“, право до пред Собрание, каде што е и целта;

И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на продолжуваат уште еден круг право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по бул. „Св. Климент Охридски“, лево по бул. „Илинден“ и се трча истата рута како од првиот круг.

За таа цел МВР апелиpа до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.