дома Македонија ЕВЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ: Голем дел од погpeшните...

ЕВЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ: Голем дел од погpeшните политики на Заев ќе бидат caнирани од наша страна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за интервју на радио „Македонски корени„ од Сиднеј посочи дека едно е сигурно, а тоа е дека на 12-ти април ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува голема победа. По победата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе формира влада со која што ќе се обидат да ги санираат погрешните политики кои ги наметна и донесе Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ победува на 12-ти април и тоа е единствено што е јасно и тука нема никакви дилеми. Македонија поминала многу премрежја во нејзиното минато, во нејзината историја, ќе го помина и Зоран Заев. А, тој ќе заврши многу брзо на темната страна на заборавот, како да не се случи. Но за жал и самите констатиравте дека ќе остави голем број последици по македонското општество, и по граѓаните, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план, има визија и знае како да се справи со сите предизвици.
Јас сум убеден дека голем дел од овие погрешни политики ќе бидат санирани од страна на новата влада, нагласи Мицкоски.