дома Македонија ЕВН и компаниите на терен, пола Кичево и селата без електрична енергија

ЕВН и компаниите на терен, пола Кичево и селата без електрична енергија

Поради обилните снежни врнежи кои го зафатија нашиот регион и лошо пристапниот терен се последица за неколку часовен прекин на електрична енергија во кичевските живеалишта како и околните села.

Нашата екипа цело време е во движење, каде забележа паднати Бандери во нас. Горица, исто така информација добивме дека сите екипи од ЕВН придружени од кичевската Инсталими се на терен и активно работат за брза санација на електродистрибутивната мрежа, која поради тешкиот и воден снег е со последици.

Според првичните информации што ги доби порталот СДК од директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, проблемот бил голем, имено двата далновода паднале од многу снег кој интензивно врне на планините.

Преку нашиот сервис се упатува апел за разбирање, екипите работат за побрзо доаѓање на електрична енергија и се очекува во секој момент во градските населби и селата по реони.