дома Македонија Еврокомесарот Вархеји денес во Скопје

Еврокомесарот Вархеји денес во Скопје

Еврокомесарот Оливер Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан.

Вархеји, како што е најавено, ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција.

Предвидено е еврокомесарот за проширување и добрососедство да се сретне и со претседателот на Парламентот Талат Џафер и да има обраќање пред пратниците во законодавниот дом.

Најавен е и работен ручек со претседателот на државата Стево Пендаровски.

За време на престојот во земјава, Вархеји ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.