ЕВРОПА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА НОВИТЕ ДОКУМЕНТИ: Асанж ќе објави нови докази за шпионирањето политичари и местењето избори во земји од Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џулијан Асанж изјавил дека ќе бидат објавени уште информации за тоа како Хилари Клинтон и американските разузнавачки служби се мешаат во европската политика

asanz

Основачот на Викиликс вели дека европската политика ќе биде шокирана од новите информации за тоа како американските разузнавачки служби ги местат евроспите избори и ги шпионираат политичарите. Тој во неодамна во интервју за холандската телевиија „Ниевсуур“ изјавил: „Занеме дека не е Националната безбедносна агенција (НСА) онаа која најагресивно ги шпионира другите нации. Набавивме докази кои наскоро ќе ги објавиме , а кои укажуваат на тоа дека американските безбедносни служби се мешаат во европските држави“.

Асанж исто така додал дека поседува и мноштво на необјавени документи важни за кампањата на Хилари Клинтон, фондацијата „Клинтон“ и демократската партија, кои ќе бидат објавени наскоро.

„Постои голем интерес за изборите во САД и многумина ни испратија мноштво материјали кои нема да ги објавиме додека не утврдиме дека информациите се точни“, рекол тој.

Изјавата на Асанж е објавна кратко по обвинувањето дека објавил 20.000 интерни мејлови на Демократската партија на Хилари Клинтон, за кои се шпекулира дека биле набавени преку руските хакери. Поради ова вистинскиот извор на мејловите сеуште е непознат, а многу компании за сајбер безбедност дошле до докази кои упатуваат на тоа дека мрежата на демократската партија ја инфилтрирале хакерските групи „Фенси Беар“ и „Кози Беар“.

Како и да е, во мејловите се наоѓаат докази дека високи функционери на Демократската партија со цел да ја сузбијат кампањата на партискиот противкандидат на Хилари Клинтон, Берни Сандерс се користеле со местенки и шпионажа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This