дома Македонија ЕВРОПА НИ ДАДЕ ЦРВЕНО СВЕТЛО: 3емјите членки на Европската унија не...

ЕВРОПА НИ ДАДЕ ЦРВЕНО СВЕТЛО: 3емјите членки на Европската унија не дозволија да започнат преговори со Македонија

Земјите членки на Европската унија не успеаја да се договорат за датум за почеток на преговори за С Македонија и Албанија, а на прашањето ќе се навратат најдоцна во октомври. Ова е исходот од Советот за општи работи на Унијата кој се одржа вчера во Луксембург. На прес конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и романскиот министер за европски работи, Џорџ Чиамба во својство на земјата претстадавач со ЕУ неколкупати изразија жалење за одлуката.

Жалам што земјите членки на Европската унија денеска не ја потврдија препораката на Европската комисија да отвори преговори со С Македонија и со Албанија, рече Хан.

„За жал малцинство земји членки не беа во можност да ја поддржат јасната препорака на Комисијата да се почнат преговорите со Албанија и С Македонија”, рече Хан.

Во однос на датумот во сегашниот текст се повторува заклучокот од 26 јуни 2018 година во кој советот силно ги поздрави Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија и ја зема во предвид препораката на Комисијата за почнување на преговорите со Северна Македонија врз основа на позитивниот заклучок и направениот напредок.

„Поради ограниченото време и важноста на прашањето Советот ќе се врати на прашањето со јасна и суштинска одлука што е можно поскоро, но не подоцна од октомври 2019 година”, се наведува во денешниот заклучок.

На прашањето дали има гаранции дека сигурно во октомври ќе има одлука Хан рече дека не може да даде никакви гаранции.

„Но, јас ги слушав многу внимателно нашите земји членки. Беа полни со почит за Северна Македонија. Имаше многу јасно фер и чесно објаснување од германскиот министер Рот кој ни кажа дека имаат институционален проблем со тоа што германскиот Бундестаг нема време да донесе заклучоци”, рече Хан.

Претходно министерката за надворешни работи на Хрватска Марија Пејчиновиќ Буриќ која учествуваше состанокот рече дека од одредени причини имало држави кои не се согласиле Северна Македонија и Албанија да почнат преговори овој јуни како што, како што вели таа, било договорено на состаноците минатата година.

„За жал не се направи голем напредок, дури и бројот на држави кои имаат одредени забелешки за тоа можност ида се зголеми. Ние секако се заложувавме тие преговори да се отворат со Албанија и со Северна Македонија”, рече Пејчиновиќ Буриќ.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто пак не донесувањето на датум го нарече сpамна одлука, тврдејќи дека централноевропските земји дале голема поддршка и сите барале веднаш да се донесе одлука, посебно земјите од Вишеградската група, но дека западноевропските земји имале аргументи против.