дома Европа Европа ја интензивира бopбaтa пpoтив кибeр нaпaдите

Европа ја интензивира бopбaтa пpoтив кибeр нaпaдите

Европскиот парламент денеска ги одобри плановите за интензивирање на подготвеноста на Европа за кибер напади преку формирање центар за иновации и експертиза, со седиште во Букурешт, јавија романските медиуми.

– Иницијативата ќе го зголеми капацитетот на Европа во борбата против кибер заканите и има за цел да ги зајакне иновациите кај малите и фирмите-почетници (старт-ап), се наведува во соопштението

Новиот центар за компјутерска безбедност, со седиште во Букурешт, ќе сподели искуство во истражувањето на кибер безбедноста и ќе ја собере европската компетентна заедница на ова поле. Исто така, ќе обезбеди финансиска поддршка од „Хоризонт Јуроп“ (Horizon Europe) и „Диџитал Јуроп“ (Digital Europe) за иновативни почетни проекти во рамките на повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027 година.