дома Политика Европа ја поздравува победата на ВМРО-ДПМНЕ, Секретарот на ЕПП со поддршка за...

Европа ја поздравува победата на ВМРО-ДПМНЕ, Секретарот на ЕПП со поддршка за Муцунски

Меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер, преку социјалните мрежи, ја поздравува победата на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг на локалните избори.

Тој испраќа силна поддршка за Тимчо Муцунски, кој оствари една од најголемите победи на цела територија на Република Македонија, победувајќи убедливо во општина Аеродром.

„Големи честитки за Тимчо за овој неверојатен резултат во Скопје и за целиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за огромниот успех во овој круг од изборите. Нека се множат“ – напиша Волер.