дома Македонија ЕВРОПЕЈЦИТЕ МУ СВРТЕА ГРБ НА ЗАЕВ: Не сакаат тој да ја добие...

ЕВРОПЕЈЦИТЕ МУ СВРТЕА ГРБ НА ЗАЕВ: Не сакаат тој да ја добие Нобеловата награда

Антонио Тајани, претседателот на парламентот на ЕУ, нема да го поддржи предлогот македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас да ја добијат овогодинешната Нобелова награда за мир, објави „Ефимерида“, пренесува Фактор.

Во прашање е иделошка поделеност, бидејжи Тајани е заменик-претседател на ЕПП, заедницата на европски десничарски партии, додека Заев и Ципрас предводат левоориентирани политички субјекти.

Како изговор за ваквиот потег тој ги наведе претстојните парламентарни избори во Грција. Ова го наведе на седница на Бирото на ЕПП во Атина.

– Нема да потпишам кандидатура за Нобелова награда за премиер пред избори – рече Тајани.

Претходно, поддршката за престижната награда по имплементацијата на Преспанскиот договор во Европскиот парламент ја потпишаа претседателите на Социјалдемократите, Уду Булман и Грен Скелер, и на Левицата, Гиби Цимер.