дома Европа Европратениците ќe глacaaт зa дигитaлниoт koвид cepтификaт

Европратениците ќe глacaaт зa дигитaлниoт koвид cepтификaт

Европскиот парламент на пленарната седница која почнува денеска во Стразбур треба да го даде своето последно одобрување на дигиталниот ковид сертификат, за олеснување патувањето во ЕУ за време на пандемијата и за закрепнување на економијата.

Сертификатот ќе докаже дека имателот е вакциниран, се опоравил од вирусот или неодамна имал негативен тест. Дебатата за ова прашање ќе се одржи утре, а гласањето е в среда.

Европратениците ќе гласаат и за тоа дали ЕУ треба да побара од Светската трговска организација да се откаже од правата на интелектуална сопственост за вакцините против ковид-19, по дебатата што се одржа за време на мајската сесија.