дома Европа Европската агенција за лекови најави повеќевалентни вакцини за заштита од повеќе видови

Европската агенција за лекови најави повеќевалентни вакцини за заштита од повеќе видови

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека се уште работи на собирање податоци за неопходноста од промена на постоечките вакцини против Ковид 19 со цел подобро да се прилагодат на сузбивањето на новиот вид омикрон, но и на веројатните идни мутации на корона вирусот, пренесува Танјуг.

Д-р Марко Кавалери, во име на ЕМА, наведува дека новата вакцина против сојот омикрон може да биде одобрена во рок од три до четири месеци, но го поставува и прашањето за ефикасноста на новата вакцина во зависност од идниот развој на вирусот.

„Не ја исклучуваме можноста да се направи и повеќевалентна вакцина која ќе штити од повеќе соеви истовремено“,изјави тој