дома Македонија Европската комисија со катacтрофална прогноза: Македонската економија годинава ќе забележи пaд од...

Европската комисија со катacтрофална прогноза: Македонската економија годинава ќе забележи пaд од 4,9 отсто

Европската комисија (ЕК) во своите Есенските прогнози предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи пад од 4,9 отсто. Ова е влошување на прогнозата во однос на пролетните процени, кога ЕК за македонската економија предвидуваше пад на БДП од 3,9 отсто.

Според ЕК, растот на БДП за Македонија во 2021 година ќе биде 3,8 отсто, а во 2022 година 3,5 отсто.

Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за огрaничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата – наведува ЕК во делот на извештајот за нашата земја.

Во Извештајот се додава дека постојат срамежливи знаци дека закрепнува надворешната побарувачка, а растот на приватната потрошувачка и инвестициите се предвидува да се вратат во четвртиот квартал.

Водено од домашната побарувачка, целосно закрепнување на нивоата пред Ковид веројатно ќе траат до 2022 година. Фискалниот дефицит значително се проширува во 2020 година, а се очекува да се намали постепено во 2021 и 2022 година – констатираат од ЕК.