дома Балкан ЕВРОПСКА ДИКТАТОРСКА УНИЈА: ЕУ застанува на патот на демократијата и смета дека...

ЕВРОПСКА ДИКТАТОРСКА УНИЈА: ЕУ застанува на патот на демократијата и смета дека референдумот во Српска е незаконски!

Референдумот кој се одржа во Република Српска нема законска основ, оценува Европската комисија

Портпаролката на Европската Комисија Маја Коцијанчиќ вели дека референдумот кој вчера беше одржан во Република Српска нема законска основа бидејќи Уставниот суд во БиХ одлучил да ја суспендира одлуката за референдумот додека не се одлучи за неговата уставност.

„Овој референдум не може да ја промени крајната и задолжителна одлука на Уставниот суд во БиХ“, изјавила Коцијанчиќ на прес конференцијата во Брисел. Таа вели дека Европската комисија ги охабрува институциите во БиХ да го решат прашањето за Денот на Република Српска во рамки на постоечките законски процедури, во рамки на Уставот на земјата и во конструктивен дијалог. „Важно е сите да се воздржат од активности кои може да допринесат за ескалација на ситуацијата и БиХ да се фокусира на реформите неопходни за решавање на економските и социјалните прашања со кои се соочува како земјата би можела да напредува на патот на евроинтеграцијата“, порача Коцијанчиќ.

Со ова ЕУ уште еднаш докажува дека секогаш кога се работи за нарушени интереси на Унијата или на Западните сили, тогаш се прекршуваат и принципите и се погазуваат сите искажани претходно пораки за демократија и владеење на правото, вклучително и слободата на изразување на народот преку референдумско изјаснување за прашања кои се од значење за граѓаните.

Во овој случај, ЕУ застанува на патот на демократијата, поддржувајќи одлука донесена на референдум, од граѓаните во демократска процедура.