дома Балкан Европскиот парламент го усвои извештајот за Црна Гора

Европскиот парламент го усвои извештајот за Црна Гора

Вечерва Европскиот парламент го усвои извештајот за Црна Гора од известувачот Тонин Пикула во форма на Резолуција. Европратениците ја поздравија експлицитната посветеност на новата влада за продолжување на патот кон ЕУ и го пофалија напредокот на Црна Гора во пристапните преговори, пренесува РТЦГ.

„Нагласувајќи дека е од витално значење да не се поништуваат претходните достигнувања во реформскиот процес, европратениците ја повикуваат новата влада да го искористи својот мандат за забрзување на реформите поврзани со ЕУ. Загрижени за напнатата политичка клима во земјата, тие исто така забележуваат дека отворен и конструктивен дијалог меѓу сите политички и социјални актери е клучен за напредокот на Црна Гора на патот кон ЕУ “, се вели во соопштението на ЕП.