дома Македонија ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПРЕСЕКОА: Власта несоодветно се бори против аерозагадувањето

ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПРЕСЕКОА: Власта несоодветно се бори против аерозагадувањето

Македонија повторно на тапет за критики за решевање на проблемот со аерозагадувањето.


Според ревизорскиот извештај за квалитет на воздухот на EUROSAI – Европската организација на врховни ревизорски институции стои дека системот за управување со квалитетот на воздухот во Македонија не е правилно организиран и координиран, но и дека инспекциите за животна средина се спроведуваат без никаква координација на централно и локално ниво „Беа формирани Интерсекторска работна група за квалитет на воздухот и Комисија за здравје и животна средина за да се подобри интерсекторската соработка, но координацијата помеѓу институциите е незадоволителна и не постои систем за следење на спроведувањето на секоја мерка“, стои во извештајот.

Од град Скопје велат дека тие го даваат својот максимум, па топката ја префрлија повторно на другите институуции, кои според Шилегов понекогаш бавно ја вршеле својата работа. За меѓународните ревизори буџетот на Македонија за спроведување на политиките за подобрување на квалитетот на воздухот е несоодветен и како резултат на тоа состојбата за справување на проблемот е на лошо ниво. За буџетот за борба против аерозагадувањето секојдневно говореа и еко-активистите.

Инаку македонските градови, со месеци се наоѓаат на врвот на црната листа на најзагадени градови во Европа, но и во светот. Според проценките од студијата на Светската банка во Македонија, 1.100 луѓе годишно умираат како последица на аерозагадувањето.