Евpoпcкaтa кoмиcиja пpeдлoжи нoв пaкт за мигpaциja и aзил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија предложи нов пакт за миграција и азил кој треба да овозможи сеопфатен европски пристап по тоа прашање, фер поделба на одговорностите и солидарноста, промена на парадигмата во соработка со земјите што не се членки на Европската унија и забрзување на процедурите, пренесува српски „Н1“.

Комисијата оцени дека сегашниот систем веќе не функционира, дека ЕУ во последните пет години не беше во можност да го поправи и затоа, по обемни консултации и проценки на состојбата, одлучи да го подобри.

„Предложивме европско решение како би ја обновиле довербата помеѓу членките и довербата на граѓаните во нашите капацитети да управуваме со миграциите како унија… Време е заедно да одговориме на предизвикот за миграција со вистинска рамнотежа помеѓу солидарноста и одговорноста“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Тоа ќе подразбира и здравствени и безбедносни проверки, земање отпечатоци од прсти и регистрација во базата на податоци на Еуродак. Потоа, лицата ќе бидат насочени кон постапките. Како дел од постапката на граница, одлуките за азил или враќање ќе се носат брзо, соопшти комисијата.

Истовремено, ќе бидат унапредени сите останати процедури за подобар надзор и оперативна поддршка на агенциите на ЕУ, а дигиталната инфраструктура на ЕУ ќе биде модернизирана за управување со миграциите.

Вториот столб на пактот е фер поделба на одговорностите и солидарноста, а членките ќе имаат обврска меѓусебно да делуваат во тој дух.

Како што се наведува, секоја членка, без исклучоци, ќе мора да придонесе и да биде солидарна во услови на зголемен притисок, да помогне со стабилизирање на целокупниот систем, да ги поддржува членките на ЕУ под притисок и да осигури дека Унијата ги исполнува своите обврски на хуманитарно поле.

Комисијата, во зависност од ситуацијата, ќе предложи систем на флексибилни придонеси за секоја членка, од преместување на азилантите од земјата каде прво влегле, до преземање обврска за враќање на лицата без право на престој и разни форми на оперативна поддршка.

„Додека новиот систем се заснова на соработка и флексибилни форми на поддршка кои започнуваат на доброволна база, во време на притисок на некоја членка ќе се бара позначителен придонес“, наведуваат од ЕК.

Кога станува збор за промена на парадигмата во соработка со земјите кои не се членки на ЕУ, Унијата ќе промовира „добро прилагодено“ и заемно корисно партнерство со трети земји. Според ЕК, ова ќе помогне да се одговори на предизвиците како што се криумчарење мигранти, како и да се спроведат поефикасно договорите за враќање на лицата кои неосновано се наоѓаат на територијата на некоја земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This