дома Македонија Евpoпcкaтa кoмиcиja – Maкедонија е зapoбeна дpжaва

Евpoпcкaтa кoмиcиja – Maкедонија е зapoбeна дpжaва

Европската комисија и официјално ни напиша во извештај дека сме заробена држава.

А тоа значи дека тоа значи дека од еден политички центар се контролира се рече синоќа претседателката на Трансапренси Македонија, Слаѓана Тасева за „Што не е јасно“ на Алфа .

„Од 2001-та година рангирањата на Република Македонија од страна на Транспаренси секогаш биле околу 60-тото до 70-тото место и уште кога ја пишувавме првата Стратегија за спречување на корупцијата во 2003-та година поставивме дека целта ќе биде подобрување на ранг листата за да одиме над 50-тото место. Но, ете стигнавме на 111 место“, рече Тасева.

Според неа индексот тоа и го покажа, дека не се направи реформа во судството.

Таа додаде дека не е убаво Владата да се истрчува со изјави и реакции околу извештајот на Траспаренси биудејќи се работи за релевантни резултати.