дома Актуелно ЕДВАЈ 30-НА ЛУЃЕ НА МИТИНГОТ НА ЗАЕВ ВО КРИВОГАШТАНИ: До крајот на...

ЕДВАЈ 30-НА ЛУЃЕ НА МИТИНГОТ НА ЗАЕВ ВО КРИВОГАШТАНИ: До крајот на кампањата ќе остане митинг да држи пред сам себе и Вицето!

Наместо од ден во ден да се зголмува бројот на поддржувачи, СДСМ и Заев од ден во ден собираат се помалку поддржувачи кои доаѓаат на нивните митинзи или отворени средби со граѓани

 

Централниот митинг во Прилеп, со сите притисоци на општинските администрации во Куманово и Струмица, собра едвај 4.000 луѓе кои пред крајот на митингот револтирано си заминуваа поради подметнатото албанско знаме на митингот. Другиот ден револтирано реагираше прилепската јавност но и бранителите.


Вчера на централниот митинг во Аеродром, едвај 300 души беа собрани на платото во Бисер.

Денес, Заев беше во Кривогаштани со цел да одржи митинг со локалното население. Резултатот беше едвај 30-ина локани жители, а останатите се од партиската „делегација“ која пристигнала заедно со него.

Ниту неговите колеги не поминуваат подобро. Имено, вчера Петре Шилегов за малку избегнал ќотек во тетовско Брвеница откако бил набркан од жителите поради неговите навредливи пораки на ФБ по повод терористичкиот напад на Диво Насеље во кој загина еден брвенчанец.