дома Занимливости Еден ден ќе ја увидиш тенката линија меѓу држење за рака и...

Еден ден ќе ја увидиш тенката линија меѓу држење за рака и врзување за душа…

Еден ден ќе ја увидиш тенката црта меѓу држење за рака и врзување за душа.

И ќе научиш дека љубењето не значи да се потпреш некому, а друштвото не значи сигурност.

И ќе научиш дека бакнежите не се договори, а подароците не се ветувања.

И ќе почнеш да ги прифаќаш своите порази со крената глава и отворени очи, со радоста на возрасен човек, наместо со тагата на детето.

И ќе научиш дека сите патишта можеш да ги изградиш денес, затоа што утрешното тло е несигурно за планирање.

Еден ден ќе научиш дека и сонцето може да те изгори доколку премногу му се приближиш.

Создади своја лична градина и уредувај ја сопствената душа, наместо да чекаш некој да ти подари цвеќе.

И ќе научиш дека можеш да преживееш многу работи, дека навистина си силен и дека навистина вредиш.