дома Балкан Еден зaгинaт и повеќе повpeдени во автобуска нecpеќа во Турција

Еден зaгинaт и повеќе повpeдени во автобуска нecpеќа во Турција

Едно лице загина, а 27 се повредени во тешка автобуска несреќа во областа Агра, источна Турција, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Тешката несреќа се случила на патот во областа на градот Елешкирт. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи во областа врнел силен дожд.

Возачот на возилото изгубил контрола, по што автобусот излетал од патот и се превртел. На местото на несреќата пристигнале многу амбуланти, медицински хеликоптери и противпожарни возила. Повредените биле пренесени во болниците во Агра и Ерзурум.

Вкупно 25 лица биле повредени, а едно лице починало во болница во градот Ерзурум.

Меѓу повредените има многу наставници, информира Си-Ен-Ен Турк.