дома Хроника Еден пoчинaт и двајца со тешки телесни поврeди во сообраќајка на магистралниот...

Еден пoчинaт и двајца со тешки телесни поврeди во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш – Штип

На 12.07.2020 во 21.30 на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на клучка за село Љуботен, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од Кочани, патничко возило „пежо 206“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(40) од Кочани.

МВР денеска соопшти дека во незгодата починал Е.М.(42), сопатник во патничкото возило „опел корса“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител.