дома Македонија Единствен уапсен василичар во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски – на 4 часа распит

Единствен уапсен василичар во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски – на 4 часа распит

Единствениот уапасен василичар на 13 јануари во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски на фејсбук објави дека бил на 4-часовен распит во полисиката станица во Струга. Иако полициските службеници кои го испитувале биле коректни, му се заканува една година затвор.

Денес бев на 4 часовен распит во полициска станица во Струга, овде морам да кажам дека инспекторите кои го вршеа службениот разговор беа коректни. Добив 3 прекршочни пријави и 1 кривична пријава, стои во Фејсбук статусот на Влајнкиноски.

Тој објаснува што му се става на товар, а максималната казна е 1 година затвор. Кривична пријава по член 206 од КЗ, кој предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.