дома Балкан Еди Рама: Не сакаме Голема Албанија, но вие можете да ја предизвикате

Еди Рама: Не сакаме Голема Албанија, но вие можете да ја предизвикате

На презентација на книгата „Нова држава – модерен државник Хашим Тачи“ од британската новинарка Сузи Џегер во Дипломатската академија во Виена во одрганизација на Австрискиот институт за европска и безбедносна политика, премиерот на Албанија Еди Рама рекол дека време е да се сфати дека не постои никаков друг план за Албанците освен Албанија и Косово да влезат во ЕУ.

-Не знам дека некој и од најголемите националисти заговарал Голема Албанија. Тоа е искористено како оправдување за етничко чистење, тврди Рама.

Тој изразил задоволство што гледа позитивен развој во односите Албанија Србија.

-Ние имаме добри односи со Србија, а Косово не така добри, но тоа е нормално, рекол Еди Рама

Рама исто така тврди дека Косово станало безбедно место за Србите.
Во своето одбаќање пред присутните во Дипломатската академија во Виена, тој укажал дека голем проблем е неможноста на слободно патување.

-Властите во Косово се изложени на големи предизвици, бидејќи како да им се објасни на луѓето дека можеле слободно да патуваат за време на Тито, па дури и за време на Милошевиќ, т.е. под диктаторите, а сега не можат, укажал Рама.

Кога станува збор за ЕУ, од која бара отварање на преговори со Албанија, Рама рекол дека не се заканува повеќе отколку што тоа го прави претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.

-Никогаш не сум рекол дека треба да се инегрира Западен Балкан во ЕУ бидејќи во спротивно ќе дојде до нова војна. Јас мислам дека тоа е малку претерано, но е неопходна европска перспектива на нашиот регион, заклучил тој.

Противниците за самостојно Косово претставувањето на оваа книга гледаат како пропаганда на НАТО-сојузниците и ОВК.