дома Македонија ЕДИ РАМА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОТЕСТИ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА: Протест против „дискриминација“ на Албанците...

ЕДИ РАМА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОТЕСТИ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА: Протест против „дискриминација“ на Албанците во Македонија

Одлуката на Ѓорѓе Иванов за недавање на мандатот на Зоран Заев, наведувајќи ја албанската платформа како опасен документ по унитарноста на Македонија, а прифатена од Зоран Заев, предизвика серија реакции во Албанија, а реагираа и од протекторатот Косово од каде пак се заканија дека „Албанците ќе ги земат работите во свои раце“

Денес во Тирана се одржа протест пред Македонската амбасада во Албанија, во организација на партијата на Еди Рама, а како што наведуваат „против дискриминација на Албанците во Македонија“.

Собраните на протестот беа гневни поради одлуката на Ѓорѓе Иванов да не му го даде мандатот на Зоран Заев за да фомира влада.

Освен ова демонстрантите вееја албански знамиња и плакати со натписи „Српски засекогаш“, „Горд сум да бидам Албаннец“, „Штанд нација“.

На ваквото подгревање на тензиите во регионот од страна на Албанците во Албанија и вештачкиот протекторат Косово, денес во само два дена реагираше и официјална Москва која повика да запрат заканите од Хашим Тачи и Еди Рама врз Македонија, бидејќи тоа не е конструктивно за регионот. Како што велат од официјална Москва, Косово е главниот генератор на нестабилност во регионот!