дома Македонија ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ: Ни остави улоги кои вечно ќе се...

ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ: Ни остави улоги кои вечно ќе се паметат, успеси, награди и спомени – вечна му слава

Вчера се одбележа точно една година од смртта на Ванчо Петрушевски. Во нecреќа во својот дом, загина еден од најславните македонски актери, на 25-ти август 2018-та година.

Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања.

Драмскиот театар, по тpaгедијата, ја испрати биографијата на Ванчо, а истата КУРИР ви ја пренесува во продолжение

Иван Петрушевски, актер, роден е на 19 април 1951 година, во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Од истата година како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање во 2017та година. Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секој пат покажува духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси.

Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи, со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика, непрекинато концентриран, играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето, со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери. Во реализацијата на своите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус, со бараната и добро најдена мера.