дома Локално ЕДНИ СЛАВАТ, ДРУГИ КРАДАТ:Додека биле на Младенци им украле 250.000 денари

ЕДНИ СЛАВАТ, ДРУГИ КРАДАТ:Додека биле на Младенци им украле 250.000 денари

Кражба на 3.300 евра, пиштол и ловна пушка е пријавена ноќеска околу 01.25 часот во Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.

Со употреба на метален предмет е влезено во куќата во која е причинета материјална штета од околу 250.000 денари.

Неофицијално, домаќините биле на прослава на Младенци, додека била извршена кражбата во нивната куќа.