дома Балкан Еднократна парична помош од 1500 евра на семејствата чии вакцинирани членови починaле...

Еднократна парична помош од 1500 евра на семејствата чии вакцинирани членови починaле од ковид-19 во Косово

Israelis wait to recieve a Covid-19 vaccine, at a vaccination center operated by the Tel Aviv Municipality with Tel Aviv Sourasky Medical Center (Ichilov), at Rabin Square in Tel Aviv, December 31, 2020. Photo by Miriam ALster/Flash90

Еднократна помош од 1 500 евра ќе можат да ја добијат членови на семејството кои изгубиле близок поради инфекција со ковид-19, но само доколку починатиот претходно бил вакциниран со две дози
Сите оние што изгубиле блиски членови на семејството како последица на ковид-19, до крајот на ноември можат да аплицираат за еднократна помош од косовската влада во износ од 1 500 евра, соопшти косовското Министерство за финансии.

Помошта се однесува само на блиски членови на семејството, како брачен другар, дете или родител.

За електронската пријава е потребен извод од матична книга на венчани, со кој се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија од последната страница од личната карта на лицето што аплицира.

Во соопштението на косовското Министерство за финансии се наведува дека по 1 октомври 2021 година оние што ќе изгубат член на семејството поради инфекција со ковид-19 може да добијат помош само доколку починатиот член на семејството е вакциниран со двете дози од вакцините против ковид-19.