дома Социјални Мрежи ЕДНО ВРЕМЕ И ДВОЈАЗИЧНОСТА И ПРОМЕНАТА НА ПАРИТЕ БЕШЕ „ФЕЈК ВЕСТИ“: Тони...

ЕДНО ВРЕМЕ И ДВОЈАЗИЧНОСТА И ПРОМЕНАТА НА ПАРИТЕ БЕШЕ „ФЕЈК ВЕСТИ“: Тони Михајловски за реакцијата на МТСП во врска со „Родител 1 и Родител 2“

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски реагира на соопштението на МТСП дека лажна вест е информацијата дека се брише семејството и термините мајка и татко.

Само да се потсетиме дека двојазичноста на цела територија, на униформите, на парите, тиранската платформа, промената на името исто така беа фејк вести едно време.

Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира дезинформациите и лажни вести во однос на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација, според кои, со овој закон се брише семејството и термините мајка и татко.

Ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон, се вели во соопштението.