дома Хроника Едно лице зaгина, а три се поврeдени во тешка сообраќајка кај Ласкарци

Едно лице зaгина, а три се поврeдени во тешка сообраќајка кај Ласкарци

На 23.10.2021 г. во 17,53 ч. на автопатот Тетово-Скопје, во близина на с.Ласкарци, патничко возило “јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране гостиварско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Еден од повредените е приме на КАРИЛ, додека другите двајца ќе бидат примени на трауматологија.