дома Свет ЕКОЛОШКА KATАСТРОФА: Се излеале 40 000 литри нафта во Јужниот Пацифик

ЕКОЛОШКА KATАСТРОФА: Се излеале 40 000 литри нафта во Јужниот Пацифик

Околу 40.000 литри нафта се излеале во водите на Јужниот Пацифик по инц идент на терминал на рударска компанија на островот на јужниот дел на Патагонија, соопштија властите во Чиле.

Инцидентот се случил завчера, за време на активностите на компанијата ЦАП, на терминал на островот Гварело, 250 километри северозападно од Порто Наталес.

Нафтата се излеала во зона која припаѓа на области со најчиста вода на планетата и со богат екосистем.

Локалните власти наредија иcтpага за тоа што пpедизвикало излевање на нафтата и кој е одговорен за несреќата.