дома Економија ЕКОНОМИЈАТА КРАХИРА: НБРМ ќе го ревидира економскиот раст од 3.2% на 2.3%...

ЕКОНОМИЈАТА КРАХИРА: НБРМ ќе го ревидира економскиот раст од 3.2% на 2.3% за 2018 година – политиките на Заев и Тевдовски опасни за државата!

На денешната презентација на гувернерката Анита Бежовска во врска со макроекономските проекции за следните четири години, НБРМ констатираше дека ќе го ревидира проектираниот раст во 2018.година од 3.2% на 2.3%

 

Според гувернерката, овој раст (од 2.3%) доаѓа исклучиво како резултат на извозот од фирмите во слободните економски зони (странските инвеститори) кои одлучија својот капитал да го инвестираат благодарение на економската политика на претходната влада.

На преентацијата беше објаснето дека јавната потрошувачка и инвестиции претставуваат голем ризик за економијата, и го влечат економскиот раст надолу.

Во кратки црти, ова уште еднаш потврдува дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски директни инвестиции се причина за раст и три години по промената на власта, но дека голем економски ризик претставуваат политиките на Заев и Тевдовски.