дома Локално ЕКО-БЛАГОДАРНИЦА ЗА КАРПОШ: За најчистата општина во Скопје, еко-благодарница од еко-друштвата „Пакомак“...

ЕКО-БЛАГОДАРНИЦА ЗА КАРПОШ: За најчистата општина во Скопје, еко-благодарница од еко-друштвата „Пакомак“ и „Нула отпад“

На свечената промоција на едукативната детска игра за селекција на отпад, насловена како „GREEN GAME”, вчера во „Скопје Сити Мол”, двете друштва за управување со отпад во Македонија, „Нула Отпад” и „Пакомак”, му врачија благодарница на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Првиот човек на Општината го доби ова признание, за поддршката на локалната самоуправа во реализација на повеќе еколошки проекти, како и за особениот придонес на Општина Карпош во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Во рамките на оваа манифестација присуствуваше и неговата екселенција, Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, кој исто така доби благодарница за поддршка на еколошкиот проект „GREEN GAME”.

Еко-друштвата „Нула Отпад” и „Пакомак” ја организираат оваа игра, согласно потребата да се направи едукација на населението, пред сé започнувајќи од децата. Целта е, најмладите да стекнат навика за редуцирање, селектирање и рециклирање на искористените батерии, акумулатори и отпадната електрична и електронска опрема.