дома Македонија ЕКСКЛУЗИВНИ ИНФОРМАЦИИ: Во агенцијата за национална безбеднocт се правело eлиминaциja на професионалци

ЕКСКЛУЗИВНИ ИНФОРМАЦИИ: Во агенцијата за национална безбеднocт се правело eлиминaциja на професионалци

За тоа кој се стана дел од Агенцијата за национална безбедност ексклузивно вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија во прво лице зборуваше припадник на УБК.

Тој рече дека се правело елиминација на професионалци на сметка на партиски подобни.

Тој и неговите колеги поднеле претставки до меѓународни организации и амбасади, како и до домашни институции во кои што отворено зборуваат каква била селекцијата и какви се луѓе преминаа од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност.

Се работи за колективна претставка од повеќе од100-тина елиминирани вработени во УБК. Иницијативата во форма на претставка содржи аргументи и факти за повеќе незаконски, нетранспарентни, непрофесионални постапки и активности во процесот на селекција, како и во понатамошното спроведување на новиот законот за Агенција на национална безбедност, вели гостинот Припадник на УБК.
За тоа од каде дошла потребата за реформи во разузнавачкиот сектор, гостинот рече дека по сугерирање од страна на западноевропските земји тоа требало да биде регулирано со подзаконски акт, како што беше случајот со УБК.

Се донесе закон за Агенција за национална безбедност што сам по себе добро ја опфаќа работата на новата Агенцијата, според ЕУ и НАТО стандардите, но прашањето е дали законот добро се имплементираше. Евидентни се груби прекршувања на законот. Уште од самиот старт, пред да почне со функционирање на агенцијата, односно во процесот на селекцијата. Целта на оваа агенција беше да се направи професионализација и департизација. И воедно да се елимираат лица кои биле вработени во УБК и кои учествувале во акции во кои биле загрозувани човековите права, во незаконски и непрофесионални активности и слично. За да не учествуваат такви лица во селекцијата, клучни беа тестот за интегритет и полиграфскиот тест. Но, тие тестови не беа спроведени иако беа законска обврска во Законот за национална безбедност. Никој не знае како биле оценувани и по кои стандарди. Друга интересна работа е никој не знае кој оценувал, односно има лица вработени во во УБК во тој период кои што биле непосредно пред процесот на селекција биле преземени од Бирото за јавна безбедност од МВР во УБК, односно работници кои што воопшто не ја познавале работата на УБК, а биле ставени во својство на оценувачи во периодот на селекција. Замислете тие лица ги оценувале работниците од УБК кои што се со повеќе од 20 години работен стаж, со соодветно образование, со обуки, со многу постигнати резлутати, а биле елиминирани, рече тој.
Постоела Комисија вели анонимниот гостин, но таа биле само параван зад кој се криел еден позадински, непрофесионален процес на селекција. Списоците биле спремни, вели гостинот припадник на УБК, и веќе се знаело кој треба да биде примен, а кој елиминиран.

Претседателот на Комисијата, а сега директор на АНБ Виктор Димовски имаше само двајца вработени во УБК кои што реално ја познаваа работата на Управата во тој период. Другите двајца беа од Синдикатот на МВР, кои што не се вработени од УБК. Нејасно е зошто во таа комисија не ставиле луѓе од Синдикатот, а успешни професионалци и оперативци од УБК кои што би направиле реално оценување, вели припадникот на УБК.