дома Uncategorized Ekcлузивно: Еве како да одберете која вakцина-Спутник V ако сте прележале kopoна,...

Ekcлузивно: Еве како да одберете која вakцина-Спутник V ако сте прележале kopoна, а за останатите најдобри се Фајзер и Кинеckaта

Покрај американско-германската вакцина „Фајзер-Бајонтер“ и руската „Спутник “, во Србија наскоро доаѓа и кинеската вакцина против коронавирусот на компанијата „Синофарм“. Граѓаните ќе можат сами да избираат која вакцина ќе ја примат, а Курир рс истражува како да се одбере вистинската.

Србија е една од ретките земји на светот каде граѓаните во најкраток можен рок ќе им бидат достапни три вакцини, а главната дилема на оние кои се заинтересирани за имунизација е за која вакцина да с еодлучат. Д-р Радмило Петровиќ, познатиот епидемиолог во Србија, за Курир рс вели дека иако се правени по различни технологии, сите с е ефикасни.

– Во секој случај потребно е да се вакцинирате што побрзо зада почне што побрзо да се создава имунитет и заштита. Вакцината на Фајзер е генетска вакцина која го стимулира организмот да произведува антитела за борба против короната. Руската е хибридна вакцина, каде РНК се калеми на аденовирусот, додека кинеската е заснована на умртвен коронавирус. јас најмногу сум застапник на овој тип на „ мртва “ вакцина со сите свои антигени, па на тој начин се прави најадекватен имунитет“ -истакнува д-р Петровиќ.

Граѓаните кои прележале коронавирус, според него можат да с е одлучат да ја примат Спутник V“.

– Таа е вакцина од категоријата на “живи“ вакцини, и во некои случаи, кај пациентите кои прележале коронавирус и имаат голем број на антитела, доволна е една доза која ќе го зголеми имунитетот кој веќе го имаат. Оние кои не прележале корона можат да ја земат на Фајзер.Таа е најдостапна и произведува добар имунитет. На хронично болните им ги препорачувам кинеските, бидејќи таа има најмал ризик за несакани реакции. Тоа е класична вакцина , која не може да го загрози општото здравје-наведува Петровиќ и додава дека сите кои се заинтересирани за вакцината треба да поминат општ преглед пред вакцинирдање а хроничните болни докторите да дадат податоци за состојбата.

Д-р Петровиќ истакнува дека ниедна од овие вакцини не се даваат на трудници и деца. – И вирусологот д-р Ана Глигиќ за Курир рс. истакнува дека таа сака да ја прими класичната, мртва вакцина, а наредна вакцина Спутник :