Ексклузивно за Инфомакс, интервју со Вело Марковски: Oтворено за кopoнавирусот и сите работи кои не ви ги кажуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вело Марковски, универзитетски професор инфектолог, екс директор на Клиниката за инфективни болести и еден од најпочитуваните експерти по инфектологија на просторите на поранешната Југославија. 

Марковски своевремено има учествувано во формирање на стратегијата за спречување на ширење на вирусот вариола вера во Југославија, а во независна Македонија беше носител на процесот за спречување на епидемијата од свински и птичји грип.

Неговите видеа и интервјуа имаат милионски прегледи на Јутуб и социјалните мрежи, а голем број граѓани, но и експерти ги потврдуваат неговите ставови кои ги имаше од почетокот на пандемијата.

Токму Марковоск во ексклузивно интервју за Инфомакс истакнува дека новите мерки кои ги предлага Владата немаат никаква логика од епидемиолошки аспект, а претставуваат класична дискриминација и кршење на правата на човекот.

Коментирајќи го примерот со Шведска и ставот кој тој лично го имаше кон пандемијата потенцира дека не може да се спречи пандемијата на горнореспираторен вирус кога веќе е започната, потенцирајќи дека за жал не се послуша науката.

Прочитајте го целото интервју:

Што мислите за новите мерки и таканаречените Ковид пропусници, имаат ли логика од епидемиолошки аспект?

-Забрана за влез на невакцинирани во било каков објект со над 30 присутни лица ќе донесат многу проблеми, многу кршења на основните човекови права, голем број на присилно загрозување на здравјето на луѓето, дискриминација… Има неколку причини да се оценат овие мерки како мерки донесени по инерција или по некoja другa причина од западните земји. Прво ако се сака да се постигне заштита од можните вирулентни соеви на КОВИД 19 (делта, ламбда..) требаше да се направи научно и стручно издржана анализа на досегашната состојба, бројот на симптоматски случаи со корона, бројот на асимптоматските прележани, нивото на заштитни антитела кај прележаните (од било која форма), понатаму бројот на вакцинирани групирани по тип на вакцина, реален пресек на несаканите досегашни дејства од вакцините, и многу важно нивото на антитела после уредно целосно вакцинирање, исто така по тип на вакцина. Ваква една анализа требаше да се прави веќе неколку месеци, да биде сеопфатна, резултатите да се објавуваат постојано и како заклучок од сето ова да се предложат мерки за во иднина. Вака, донесување на одлука за задолжително вакцинирање, скоро без никој од овие параметри, и без вклучување на поширокиот научен и стручен капацитет на државата остава простор за сомнеж во оправданоста и крајниот ефект од овие мерки. Вакви едни сеопфатни мерки мораа да бидат пратени со акционен план што се сака да се постигне и со која динамика. Недостасува план дека во тој и тој период ќе се вакцинира уште толку и толку население, со таа и таа обезбедена вакцина. Вака има забрана која де факто и де јуре ги приморува граѓаните да се вакцинираат, но на нив, на нашите граѓани е обврската да си обезбедат вакцина или термин за вакцина, да се вакцинираат со вакцина која ќе им се падне (како лотарија), или која ќе можат да ја најдат, без сигурност за обезбедена ревакцина од истата вакцина, без предходна студија за нивото на заштита од таа вакцина и секако типот и процентот на несаканите можни ефекти од вакцината. Вработени во големи маркети, во многу компании, луѓе кои патуваат со автобус, воз, авион или друго превозно средство со над 30 луѓе, наставници, учители професори… кои ќе ја изгубат својата работа ако не се вакцинираат, се луѓе кои се приморани а не се од групата на луѓе кои се вакцинираат за да одат на натпревари, дискотеки, концерти… Значи голем е бројот на наши граѓани кои ќе бидат приморани да бираат помеѓу губење на работно место и вакцинација. При тоа не се дава простор за оправданоста на причините за одлуката за невакцинирање. Кај многумина тоа е поради оправдани причини поради разни здравствени состојби, кондиции и/или болести. Некој кој има апсолутни и/или релативни контраиндикации за примање на вакцината ќе мора да одлучи дали да прими вакцина и да го зачува своето работно место и со тоа да ризикува да го загрози сопственото здравје, или по 16 август едноставно да добие отказ па по долготрајни и мачни судски процеси да докажува за причините за одбивање на вакцинацијата. Секако според мене една од главните причини кај многумина е и стравот од вакцината. Никој, никого не може да натера (ако го стори тоа само по себе е вероватно кривично дело поради присилата да си наштетиш на сопственото здравје) да прими лек, вакцина, медицинска процедура без негова согласност. А таа согласност на пациентот се бара дури и кога пациентот сам бара хируршка или друга интервенција, а лекарот е должен да му објанси каква процедура ќе му се врши, кои се очекувањата и ризиците од самата интервенција. Се бара согласност и за хоспитализациа иако е јасно дека состојбата на болест е причината за тоа. Вакцините, било која за било која болест се задолжителни за одредени болести со стрго пропишан вакцинален календар, сето тоа е регулирано со закон, со опишани медицнски состојби и кондиции кај кои е контраиндицирано вакцинирањето. Сега се бара задолжително вакцинирање со вакцина за која се уште не се поминати перодите на испитување, со очигледно огромен број на несакани ефекти, како смртни исходи, мозочни удари и други опасни по живот компликации, а се бара граѓанинот да биде храбар, да верува дека нему ништо нема да му се случи, дека тоа е за општото добро и така натаму. Притисоците од голем број вакцинирани во јавноста дека ете тие се вакцинирале, а невакцинираните се некои што се недоволно информирани, образовани… само го зголемуваат стравот и дилемите кај тие што се плашат или не веруваат во вакцината. Секако не смееме да се случи судир, војна помеѓу вакцинирани и невакцинирани. И едните и другите си имаат свои причини и аргументи за својата одлука. Но таа одлука не смее да биде наметната со сила. Впрочем и резолуцијата 2361 на Советот на Европа го бара тоа. Доброволност, и изнесување на аргументи и за и против. За жал кај нас само слушаме аргументи за, по медиумите (со некои исклучоци) нема напори за објективно прикажување на можни несакани последици.

Од денешен аспект имајќи ги во предвид бројките во Шведска која е 25 во Европа по број на смртни случаи бевте ли во право што се противевте на тогашните мерки и локдаунот?

За жал не се послуша науката. И од денешен аспект и од аспект на 8 месеци од сега науката вели исто. Не може да се спречи епидемија или пандемија на горнореспираторна вирусна инфекција ако таа веќе започнала. Може да се модифицира или целосно да се спречи (морбили…) ако е тоа резултат на повеќе годишна вакцинација и други превентивни мерки. Повремени интервенции и соодветни мерки во зависност од моменталната епидемиолошка состојба во еден регион или држава во зависност од оптеретеноста на здравствениот ситем беа доволни мерки за епидемија со корона вирус. Иако ако се размислува со ладна глава, во моментот кога се прогласи пандемија во светот не беше исполнет епидмеиолошки услов за прогласување ни на епидемија во одредени земји. Следуваше невидена паника, кршење на сите придобивки сознанија и правила од досегашната медицина (кои до оваа пандемија доследно се почитуваа од сите медицинари). Се даваа антибиотици, на вирусна инфекција, тони кортикостероиди, милиони или милјарди литри кислород, се пробуваа не испитани досега процедури и лекови и сето тоа доведе до катастрофални последици со загуба на огромен број на животи и огромни штети по економијата и дотогашниот начин на живот на планатева. Огромен придонес во таа паника има не соодветните за дијагноза на ваква болест ПЦР тестови. Се потисна науката, а голем број интелектуалци и/или лекари од области надвор од инфектологијата и другите превентивни гранки почнаа да нудат решенија и за лекување и за спречување на пандемијата. Резултатите ги гледаме. Сигурен сум дека ако се оставеше науката како многу пати до сега (десетици пандемии, голем број на епидемии, голем број на карантински и опасни инфективни болести) ќе имаме многу пати помали човечки загуби, а светот ќе функционираше со мали пореметувања. Шведска е една од ретките земји која на почетокот имаше храброст да ја почитува науката. Нивниот став беше, да болеста е тука, но досегашната наука нуди вакви решенија и како најдобри ние ќе ги спроведуваме нив. Секако поминаа многу подобро од здравствен аспект, а без никакви загуби во економијата и во останатите сфери од животот. Сепак мислам дека и кај нив во подоцнежниот стадиум од пандмеијата почнаа да се прифаќаат некои ставови диктирани од СЗО, кои во најголем дел беа погрешни.

Што мислите за лекот ивермектин кој покажа одлични резултати во повеќе научни студии, го имаме примерот на Индија и Мексико кои се справија со пандемијата користејки го овој лек? Има и студии во кои над 80 посто ивермектинот е успешен  како профилакса.

Лично немам искуства со тој лек, и секако дека треба да се докажат неговите антивурусни ефекти (беа контрадкторни). Останувам на тврдењата на науката дека за вирусна горнореспиратоена инфекција не треба да се даваат превентивно за лекување антибиотици, антиипаразитарни лекови (како што е ивермектинот) кортикостероиди, вели тој.

Како се администрира терапијата за КОВИД 19 во Македонија и колку е успешна.

За жал поминавме многу лошо. Официјално изгубивме 5.527 животи, пресметано по милион жители меѓу државите кои најлошо се справија со оваа криза. Но ако се гледаат официјалните податоци на ДЗС (државен завод за статистика) прекубројниот број на починати за време на пандмеијата е околу 12 илјади споредбено со предходните години. Ова не става во првите 6 земји со најголема смртност во светот. Податоците од пред пандемијата покажуваат дека Македонија има солиден здравствен систем со многу помала стапка на смртност од повеќето држави во регионов. Значи требаше да поминеме слично или подобро од соседна Србија (подобри бројки имавме пред пандемијата), За жал не само што не се прифаќаа голем број на сугестии понудени решенија, начин на лекување, доктринарни ставови за лекување понудени и од мене и од други колеги од Македонија, но имаше критични ставови и од доволен број лекари од светот. Значи ако се сакаше, можеше барем да се преиспитаат некои ставови пласирани од СЗО и да се проверат ставовите кои ги нудевме. И сега, во понатамошното справување со оваа криза, и евентуалниот есенски или зимски бран, ние остануваваме со истата екипа, со истиот селектор. Задоволни сме од постигнатите резултати, сметаме дека екипата е таа, други решенија нема, други исходи не се можни.

Респираторите направија повеќе штета, отколку добро. Се согласувате со ова?

Респираторите не се наменети за лекување на пациенти со респираторни инфекции и за пациенти кои самите дишат и успеваат да ја одржат ацидобазната рамнотежа и снабдувањето на органите со кислород. Смртноста на пациенти лекувани на респиратори за време КОВИД 19 е над 95%. Јас од самиот почеток жестоко се противев (научно аргументирано) на употребата на респираторите, мислам дека кај нас многу рано се прифати оваа сугестија, и веќе после мај месец 2020 година респираторите се употребуваа многу ретко и по строги индикации.

Да се вратиме на вакцинацијата, што означува antibody dependent enhancement? И како овој проблем ги запре истражувањата за вакцина за САРС и МЕРС?

Науката се труди да даде одговор и се аналзираат и истражуваат сите можни патеки, а за тоа треба време, и поважно од се правилни претпоставки. Понекогаш како примерот со ХИВ инфекцијата, човекот и покрај вложени многу напори, финансии, време… се уште не можеме да одговориме соодветно. Оваа појава (antibody dependent enhancement) е аналзирана и се оди со истражувања во тој правец со идеја да се докаже дали појавата на ненеутрализирачки антитела кај САРС КоВ 2 вирусот е причина за потешка клиничка слика кај КОВИД 19 инфекцијата и дали имаат улога и при појава на компликации од некои типови на вакцини или евентуално ширење на вирусот од самата вакцина, но тоа би се однесувало за вакцините произведнеи од цел вирус. Потребни се години слободно истражување од страна на науката за да се дојде до правилни заклучоци.

Сметате ли дека се прави грешка што се вакцинира среде пандемија?

Вакцината е секако најдоброто решение за превенција од некоја инфективна болест. И воопшто не е грешка да се вакцинира среде пандемија. Проблемот е дали имаме вакцина, и дали таа вакцина ги поминала сите процедури на безбедност, понатаму да се аналзира објективно дали таа вакцина навистина ги дава очекуваните резултати, односно дали вакцината штити. Добра вакцина не смее да дава несакани ефекти по здравјето на примателот. Кога имало појава на зголемен број заболени од некоја болест или состојба поврзани со вакцината, тогаш вакцината се повлекувала, и тоа не е ново. Но кога има појава на поврзаност на вакцина со смртни случаи, тогаш мора да се прекине со вакцинацијата бидејќи продолжување со вакцина која може да предизвика смрт е веќе убиство. Појавата на еден умрен на еден милион вакцини беше прифатлива до сега единствено кога се работи за заштита од тешки карантински болести, пример вариола вера кај која смртноста е и над 50 % од инфицираните. Понатаму, добра вакцина треба да дава голем процент (над 90%) на целосна заштита од инфекција и болест. Досегашните вакцини беа со такви карактеристики, после примање на вакцина против хепатитис Б, грип, тетанус, дифтерија… нема инфекција, нема разболување. Формулациите дека треба да се прими вакцина која нема да штити од инфекција туку од тешка форма и хоспитализација се шпекулативни и не се во прилог на квалитетот на вацината и тоа не добра вакцина. Трето, кога се вакцинира во ек на пандемија или епидмеија сеедно, неопходно е пред вакцината да се провери дали веќе примателот природно се имунизирал, бидејќи штом си прогласил епидемија, само по себе значи дека веќе огромен број од населението имал контакт со вирусот, без разлика дали се разболел. Интересни се податоците кои доаѓаат од Израел и Австралија, каде што околу 90-95% од хоспитализираните од КОВИД 19 се уредно вакцинирани со две дози. Добар пример се малите земји, на пример Гибралтар (https://www.worldometers.info/coronavirus/country/gibraltar/) пред први јуни 2021 година има вакцинирано над 99 % од населението (39.162 целосно вакцинирани), но и покрај тоа се соочуваат со за нив голем број нови случаи од 40-50 на ден, еден вид нов бран со почеток од 12 јули до денес. Треба да се анализира зошто е ова вака. Недостасува податок дали ново разболените уредно вакцинирани имале антитела и покрај тоа пак се разболеле, или пак иако вакцинирани од некоја причина воопшто не развиле антитела. Како заклучок, да треба да вакцинираме за време на пандемија, но треба да сме сигурни дека имаме квалитетна и проверена вакцина, и неопходно е проверка на антитела пред примањето на вакцина.

Може ли да ни објасните каков тип на вакцини постојат? Што значи мРНК, што значи Векторска вакцина, протеинска вакцина или аденовирална вакцина?

Вакцините имаат свој развој. На почетокот беа живи атенуирани, ослабени, па мртви, голем напредок беше производство на пречистени вакцини кои го содржат само протеинот на вирусот (причинителот) кој е носител на имоуногеноста . Сега, за заштита од корона вирусот се користат сите видови на класични вакцини (живи, мртви, пречистени со само С протеинот…) Но, најмодерни, најпоскаувани се новите вакцини таканарешени мРНА и ДНА (векторки вакцини). И едните и другите се со една идеја, да се излаже, да се натера имунолошкиот ситем на човекот сам да се вакцинира, односно сам да произведува антигени кон кои самиот ќе произведува антитела. Оваа идеја е нова околу 20 години и можеби во иднина ќе даде решение за многу болести, но сметам дека во овој момент не сме спремни за ваков вид мешање во имунитетот на човекот. Кај мРНА вакцините принципот е надвор вештачки да се произведе месинџер (гласник) РНА да се внесе во сакана клетка, рибзомот на клетката да биде излажан, да мисли дека таа рибонуклеинска киселина носи информација од сопственото јадро, и вака излажан да почне да произведува С протеин (површински протеин на корона вирусот клучен за влегување на вирусот во клетката). Кога на овој начин произведне С протеин ќе се најде на површината на сопствената клетка, имунитетот треба да го препознае и да создава антитела. На тој начин сме го излажале организмот со цел кога ќе дојде во допир со вистинскиот вирус да не се разболи, да има одговор. Но тука се јавуваат многу проблеми и кои се нерешливи за современата наука (можеби науката во идниа ќе ги реши овие пречки). Главниот проблем е како да се донесат овие вештачки произведнеи мРНА до целна клетка која ќе произведува С протеин (клетките и ткивата во организмот се диференцирани и имаат различни својства и улоги), понатаму се уште не е јасно како ќе одговори имунитетот односно наша добра идеја е организмот да реагира така како што некој научник замислил, но имунитетот за наша среќа е многу комплексен и софистициран, секако и далеку сме од целосното разбирање на неговото финкционирање, така да каков ќе биде реалниот одговор на имунолошкиот ситем на вакви провокации се уште не е јасно. Механизмот на ДНА вакцини е да се делува на ниво на јадро на клетката, сега јадрото да произведе сакана мРНА и понатаму се е исто, рибозомот ќе произведува С протеин. Замислено е вирус, вектор да ја однесе саканата информација до јадрото, предходно на векторот, кој најчесто е аденовирус, да му се внесе информацијата, аденовирусот да влезе во клетката, таму да биде уништен а информацијата да ја прифати јадрото. Гледате, само по себе ова се идеи, можеби одлични, но сепак по мене далеку сме се уште на правење на вакви договори со нашите клетки и со нашиот имунолошки систем, без да имаме несакани ефекти, односно да биде се сто посто како што сме замислиле.

Треба ли да се вакцинираат лица кои веќе имаат стекнат имунитет поради прележување на болеста? Колкав е периодот на заштита по успешно надминување на заразата?

Не, никако. Никогаш досега не се вакцинирал некој кој само што прележал некоја болест. Впрочем идејата на вакцината е да симулираме болест, а природното прележување или инфицирање (имунизирање без симптоми) е идеално, имунолошкиот ситем одговорил така како што треба, ние не можеме да бидеме попаметни од него и да сугерираме поинаков одговор. Впрочем веќе излегоа многу релевантни научни трудови (https://www.nature.com/articles/s41586-021-03647-4?fbclid=IwAR09OXQPZK2DPTgetoV05Y6ISqAqmcVapnWCBjRSFWCHGyND3Mc1b3e1wMY) кои потврдија дека имунитетот по природно прележување, симптоматско или асимптоматско е долготраен. Апсурдно е давање на вакцина кај природно имунизирани, а секако бројни се и можностите да се направи штета ако се даде вакцина кај лице кое има високо ниво на заштитни антитела кон тој причинител.

Сите прашуваат кога ќе заврши пандемијата на коронавирус? Јас би ве прашал дали воопшто некогаш ќе заврши пандемијата?

Постојат голем број карактеристики на инфективните агенси кои ги прават прпознатливи, со карактеристични клинички слики, но и со епидемиолошки карактеристики. Кога една епидeмија, или пандмеија се повлече, по природен пат е скоро неможно да се јави после краток период од неколку месеци. Зошто сега повторно ни се појавува реална опасност од нов бран, само неколку месеци по евиднетното повлекување, згаснување на пандемијата. Јас сум убеден дека пандмеијата во мај месец стивна и кај нас и во целит свет, и тоа беше резултат највероватно на висок процент на природно имунизирани, односно голем број на популација имаа контакт со САРС КоВ 2 вирусот.

Од друга страна, ако се споредува со грипот кој цело ова време ни служи како урнек за споредба, и кај вирусот на инфлунеца се бројни и секојдневни мутации на вирусот, но највирулетниот ги потиснува сите други. Немало досега пример да во една година неколку пати се појават мутации. Затоа е чудно ова брзо појавување на нови мутирани соеви на корона вирусот и тоа најчесто скоро истовремено во целиот свет.

Дали пандмеијата ќе заврши, да по мене пандемијата заврши во мај месец 2021 година, но вистинското завршување на пандмеијата мислам дека ќе биде во април месец 2022 година. После тоа се ќе се смири. Дотогаш, очигледно од некои причини на светот му треба пандемија.

Проф. др. Вело Марковски за Инфомакс

Пишува: Александар Митовски и Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This