дома Македонија ЕКСКЛУЗИВНО: Коѕијас откри дека преговарал за името со Заев и со Ахмети...

ЕКСКЛУЗИВНО: Коѕијас откри дека преговарал за името со Заев и со Ахмети уште во 2015 година!

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коцијас ја потенцираше решавачката улога на албанскиот фактор во финализирањето на Преспанскиот договор.

Во интервјуто за јавната телевизија ЕРТ, Коциас откри дел од “тајните” при преговорите за решавање на спорот за името на Македонија и промената на уставното име.

Тој вели дека владините напори на Ципрас започнале летото 2015 година, кога Никола Груевски бил на власт, но овие напори не дадле резултати. Поранешниот шеф на дипломатијата откри дека во исто време започнале разговори со тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, како и со Али Ахмети, кој за време на интервјуто го опиша како “природен лидер на Албанците во Северна Македонија”.

“Али Ахмети и Бујар Османи, сегашниоѕ заменик-премиер, беа наши сојузници во преговорите. Оваа соработка со Албанците беше плодна до последната фаза на преговорите”.