дома КОВИД-19 (Коронавирус) Експерт од СЗО ја отфрли можноста за вештачко потекло на вирусот

Експерт од СЗО ја отфрли можноста за вештачко потекло на вирусот

Team of experienced biologists working on microscopes in laboratory

Експертот на Светската здравствена организација, руски вируолог Дмитриј Лвов ја отфрли можноста за вештачко потекло на коронавирусот, соопшти денеска Кинеската медиумска група (ЦМГ).

„Сомнежите во врска со вештачкото потекло на коронавирусите немаат никаква вредност … Коронавирусите се претежно вируси поврзани со лилјаците“, рече Лвов во една емисија на една руска телевизија минатата недела, пренесува Бета.

Според него, „лицето, кое било првиот извор на инфекција, веројатно јадело месо од животно кое имало еколошки врски со лилјаците“.

За време на припитомувањето, на луѓето им биле пренесени околу 150 вируси од диви животни, рече Лвов.