дома Хроника ЕКСПЛОДИРАШЕ ПОДМЕТНАТА БОМБА: Доцна вечерва подметната бомба под џипот на познат скопски...

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПОДМЕТНАТА БОМБА: Доцна вечерва подметната бомба под џипот на познат скопски угостител!

Експлозија, чад и оган ги вознемирија вечерва граѓаните на Скопје, откако благодарение на подметната бомба под автомобил во оган пламна џипот на сопственикот на познат ланец ресторани за брза храна

Според информации кои ги добивме од граѓаните на терен, најверојатно џипот бил во сопственост на сосптвеникот на рестораните за брза храна „Вили“ инаку брат на познатата водителка Мелита Ракичевиќ.

Од истрагата велат дека оштетениот се сомнева во лица кои подолго време му се заканувале и барале рекет од него.