дома Свет Експлозијата во близина на нуклеарната централа Натанц во Иран била воено тестирање

Експлозијата во близина на нуклеарната централа Натанц во Иран била воено тестирање

Воени претставници на Иран соопштија дека експлозијата што се случи на дваесетина километри од нуклеарниот комплекс Чахид Ахмади-Рочан, била предизвикана од тест на противвоздушната одбрана во регионот Натанц во централен Иран.

Беше тестиран еден од регионалните ракетни системи за да се процени подготвеноста на теренот и нема причина за страв – изјави командантот на противвоздушната одбрана од регионот Натанц на државната телевизија.