дома Македонија ЕКСПРЕСНО ДОСТАВЕНО БАРАЊЕТО ЗА ОДЗИМАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНТЕТ НА ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ: Во...

ЕКСПРЕСНО ДОСТАВЕНО БАРАЊЕТО ЗА ОДЗИМАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНТЕТ НА ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ: Во Собранието пристигна барањето од Кpивичниoт Сyд

Барањето од Кpивичниот cyд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, стигна во Собранието на Република С Македонија.

Од собраниската прес-служба за МИА велат дека претседателот на Собранието Талат Џафери барањето ќе го достави до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.