дома Македонија ЕКСПРЕСНО: МВР ги пронајде сите патници од автобусот во кој биле сопружниците...

ЕКСПРЕСНО: МВР ги пронајде сите патници од автобусот во кој биле сопружниците со кopoнавиpyс- еве ги дeтaлите

Министерството за внатрешни работи ги пронајде и обезбеди сите патници од автобусот во кој патувал и парот кај кој е потврден коронавирусот, пренесува ТВ21.

Се работи за автобус на компанијата „Дурмо турс“, а во него имало 14 патници од полошниот регион, 12 од Гостивар и 2-ца патници од Тетово.

Според информации на ТВ21, сите се пронајдени и со нив се прави анкета на кое место седеле во автобусот.

Според министерот за здравство Венко Филипче најголема опасност имаат патниците кои седеле три седишта пред и позади парот заразен со коронавирус.

Овие информации се очекува да ги потврди и министерот за здравство на закажаната прес-конференција во Владата во 13:30 часот.