дома Македонија ЕКСПРЕСНО УСВОЕНИ АМАНДМАНИТЕ ЗА СЕВЕРНА: Како во еднопартискиот систем власта насилно го...

ЕКСПРЕСНО УСВОЕНИ АМАНДМАНИТЕ ЗА СЕВЕРНА: Како во еднопартискиот систем власта насилно го спроведува идeнтитeтcкиoт гeнoцид!

Владата ја турка последната фаза од промената на Устав без присуство на опозицијата.Откако вчера ВМРО ДПМНЕ одлучи дека нема да учествуваат во овој процес, денеска Комисијата за уставни прашања си ја продолжи дебатата без опозиција.  Ставот на ВМРО ДПМНЕ вчера беше дека референдумот на 30 септември го кажал последниот збор на граѓаните, дека Преспанскиот договор бил неуставен а со самото тоа и целата процедура за промена на Уставот била кршење на Уставот и непочитување на волјата на народот.

На денешната расправа дебатираа само албанските партии кои пак не се согласуваат со формулацијата – државјанство, македонско / граѓани на Република СевернаМакедонија. Тоа според нив создавало поделба на граѓаните на Македонци и останати и јасно покажувало кои се сопствениците на територијата и државата а кои биле само гости. На иста линија се држеа Фадил Зендели од БЕСА и Зијадин Села од Алијанса на Албанците кој пак  го обвини Заев дека создавал моно етнички национален концепт.

– Карактерот надржавата, значи ние сме сопствениците, вие сте другите. Ова е концептот којштобеше зачуван досега и понатаму ќе се зачувува. Значи разговорот околу граѓанскиот концепт не држи. На Македонците и другите заедници, значи кои се сопственици и вие сите други етнички заедници, рече Зендели.

– Имаме игра назборови која е во служба да се манипулираат Албанците, дека наводно не е така. Не е добро да се манипулира јавноста, вели Села.

Османи на ова реплицираше дека интервенциите на амандманите биле направени согласно Преспанскиот Договорот, додека етничките прашања биле опфатени со Охридскиот Рамковен договор кој пак ќе стане систавен дел од Уставот на Македонија.

Досега нема поднесено нови амандмани, на веќе утврдените – поднесени се само 7 амандмани на Уставниот закон од страна БЕСА, Алијансата на Албанците, СДСМ  и независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ. Амандмани на предлог амандманите за пленарната седница може да се поднесуваат најдоцна осум дена пред почетокот на седницата која пак е закажана на 9 јануари следната година.